df378349c248637b4bf11576ef86eb8d_original

Nexpaq е футрола за мобилните телефони која што овозможува нивна надградба преку додавање на различни компоненти, односно модули.

На прв поглед футролата многу потсетува на Project Ara, модуларниот телефон кој што го развива Google, а има и уште неколку други вакви проекти. Модуларните телефони доаѓаат само со основно куќиште на кое што другите компоненти можат да се менуваат по потреба на корисникот. Тоа овозможува надградба на телефонот само со компонентата која што е потребна, наместо купување на целосно нов телефон, само поради повеќе рам меморија, на пример.

Nexpaq го презема истиот концепт и го прилагодува во форма на заштитна футрола. Тоа значи дека на корисниците нема да им бидат понудени модули како камера, рам, процесор и слично, туку друг вид на додатоци.

Додатоците кои што доаѓаат со футролата на почетокот се 12 и истите вклучуваат батерија, звучник, LED сијаличка, читач на SD картици, сензор за температура и влажност, копче за брзи функции, сензор за квалитет на воздухот, тест за алкохол во крвта, ласер за презентации и празен модул за пополнување на место.

Футролата покрај дополнителниот модул со батерија исто така има вградена батерија која што според производителот додава од 30-60% на постојната батерија за ситуации кога нема полнач во близина.

Ова е навистина интересен концепт кој што им овозможува на корисниците да го појачат својот телефон со додатоци кои што не доаѓаат со него.

Nexpaq доаѓа со поддршка за неколку модели на телефони, односно работи со iPhone 6, Samsung Galaxy S6 Edge и Samsung Galaxy S5.

Футролата моментално се нуди преку Kickstarter платформата каде што ги собира потребните средства за почеток на производство. Се продава по цена од околу 100 долари зависно од бројот на модули, како и периодот на нарачка. Од потребните 50.000 долари веќе се собрани повеќе од 40.000 на 29 дена до истекот на рокот, па успешноста на кампањата не е доведена во прашање.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаИнтервју на Марк Цукерберг пред 11 години
Следна статијаWindows 10 тест верзиите ќе продолжат и по финалната верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.