Фото:TheVerge
Фото: The Verge

Компанијата Nest претстави нова линија на производи наменети за одржување на безбедноста во објекти за домување. Линијата именувана Nest Secure е претставена на саем за хардвер во Сан Франциско, а главната цел е да ја зголеми безбедноста и истата да ја направи полесна за одржување.

Главната компонента на системот наречена Nest Guard (чувар) е сместена во внатрешноста на објектот кој го обезбедува, насочена кон влезната врата и паралелно комуницира со низа други, помали уреди, наречени Nest Detects (детектори). Доколку некој влезе во просториите чувани од системот и не го деактивира истиот произведува силен и непријатен звук. Дополнително тој има способност да ве известува директно на вашиот паметен-телефон.

Компанијата цели кон конструирање што поедноставно решение за обезбедување на објекти и простории, меѓутоа и конкретниот систем не е воопшто комплициран, а е мошне практичен. Имено, тој се поврзува на интернет преку домашната WiFi мрежа и испраќа известувања со помош на Nest мобилна апликација. Преку истата апликација уредот може да биде пуштен во функција или деактивиран. Алтернативен начин да се деактивира системот е со помош на внесување код или пак со еден од двата клуча (Tags).

Главната компонента е опремена со сензор за движење, па затоа е наменета да стои пред влезната врата, додека споредните компоненти е наменето да бидат поставени на споредни потенцијални влезови за непоканети гости. Покрај тоа, споредните компоненти не е потребно да бидат поврзани со WiFi, ниту пак вклучени во струја, туку користат батерии, а со главната компонента комуницираат преку така наречениот Weave.

Стандардниот пакет кој вклучува еден Guard, две Detect компоненти како и два Tag клучеви ќе ве чини 499 американски долари. Продажбата на овој систем ќе започне веќе наредниот месец во САД, додека Канада и Европа ќе го добијат дури наредната година.

Извори: The Verge, Forbes

Претходна статијаStratolaunch чекор поблиску до освојување на небото
Следна статијаБил Гејтс жали поради Ctrl+Alt+Del