MOAI е автономен чистач на аквариуми. Каков и да создаде израз на вашето лице откако го прочитавте описот, сепак постои и што е најважно функционира. Автономен робот кој е способен самостојно да се движи по ѕидовите на аквариумот и истовремено собирајќи ги алгите и нечистотиите од истот. Но, тоа не е се: MOAI ќе ви прикаже пренос во живо од вашиот аквариум додека го прави она за што е примарно конструиран.

Креаторот на оваа несекојдневна направа, Јун Хун вели дека иницијално тргнал со идејата да постави веб-камера во аквариумот кој го поседувал за да ги надгледува рибите, но идејата се развила дополнително откако сфатил дека чистењето на алгите од ѕидовите на аквариумот е досаден и макотрпен процес. Па така,  комбинирајќи ги двете се родила идејата за конструирање на MOAI.

Процесот на создавање оставил 8 прототипови зад себе, за денес во својата финална верзија да биде составен од два главни елементи: надворешниот кој стои на надворешниот ѕид од аквариумот, во кој се наоѓа целокупната електроника и внатрешниот кој е всушност „чистачкиот“ елемент.

Двата елементи се поврзани преку магнет, па додека надворешниот се движи со помош на навигација која се базира на ултра звук, внатрешниот го следи чистејќи го стаклото од алги.

Роботот исто така автономно мапира одредени зони кои се покомплицирани или позахтевни за чистење, но и прифаќа „сугестија“ од сопственикот преку iOS и Andorid апликација.

Што се однесува до камерата, нуди директен пренос со квалитет од 1080p што значи дека корисникот може да ги надгледува своите риби во секое време.

Цената на овој гаџет во претпродажба изнесува 199 американски долари, а првите нарачки се очекува да бидат доставени во мај наредната година.

Извори: Digital Trends, Kickstarter

Претходна статијаКомплетно електричен Mini пристигнува во 2019
Следна статијаВештачката интелигенција може да го препознае вашето лице дури и ако е покриено