surfacedial_5_featurepanelrightalign_v1

На Windows 10 настанот кој се одржа вчера во Њујорк, покрај очекуваните работи, беа претставени и неколку дополнителни и интересни уреди.

Surface Dial е еден од нив, а е наменет за креативците, односно корисниците кои својот компјутер го користат за работа поврзана со дизајн, аудио и видео изработка и слично.

Уредот чини 100 долари и е претставен како додаток на Surface Studio, се-во-едно компјутерот кој исто така за првпат беше претставен вчера, но најавено е дека ќе може да работи и со останатите Surface уреди, односно Surface Pro 3 и 4, како и Surface Book лаптоп компјутерите.

Намената на Dial уредот е едноставна, а тоа е корисниците да добијат физички уред за контролирање на разни функции и менија во нивните програми на компјутерот. Па така, корисниците ќе може да го користат Dial за менување на боите на четката, менување на аглите на сликата, менување на тонот и многу други слични работи кои луѓето кои работат во овие области, сигурно знаат повеќе во што се може да се најде примена.

За почеток достапни се одреден број на програми кои имаат поддршка за Surface Dial, меѓутоа доколку уредот биде прифатен од корисниците, сигурно дека поддршката ќе биде проширена на повеќе.

Кога ќе се земе во предвид овој уред, како и Surface Studio и најавената наредна поголема надградба на Windows 10 наречена Creators Update, јасно е дека Microsoft во наредниот период ќе се обиде да им се обрати на конкретен дел од корисниците. Овој вид на корисници може да се каже дека најмногу ги користат производите од Apple, па ќе биде интересно да се види дали ќе успее Microsoft да „украде“ дел од нив, ако не и поголем дел.

Видеото во продолжение можеби најдобро може да ја пренесе намената на Surface Dial, во преку неколку примери.

Извор: Microsoft

Претходна статијаОдличниот концепт телефон Xiaomi Mi Mix најверојатно нема да биде достапен надвор од Кина
Следна статијаДенес и Apple го одржа нивниот настан – го претстави новиот MacBook Pro со лента на допир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.