Luma_Orange_Counter_Crop_converted

Имате деца и сакате да контролирате што прегледуваат на Интернет. Се плашите дека ако ги оставите да си го буткаат патот со лабав надзор (како тоа што било случај со вас најверојатно) тоа може да резултира во катастрофални последици, педофилија, бело робје, судир со комета и доаѓањето на апокалипсата.

Е па, само што ја најдовме најдобрата алатка за вас во форма на рутер и се вика Luma. Се работи за Интернет рутер кој го сместувате слично на стандарден рутер, но кој не е наменет да работи како единечен (обично доаѓа во комбинација од три уреди). Ова е поради потребата да се подобри сигналот низ домот.

Другата „супер“ опција која Luma ја има е можноста да шпиунирате кои се` страници се отвораат преку рутерот, како изгледаат, па дури и да блокирате одредени за одреден корисник. Кога некој уред сака да се поврзе на мрежата ви се појавува известување што ви дава можност да го прифатите или одбиете (одлична алатка против досетливи комшии). Дополнително, на корисник може да му се назначат родителски контроли и да му се ограничува времето на Интернет, на пример, за да пишува домашна по ЗПО.

Зачуваните администраторски информации се чуваат до 1 година, што значи имате постојан шпиунски пристап во текот на целата претходна година на тоа кој која страница ја посетувал и што друго правел на Интернет. Орвеле, твојот телеекран е „гола вода“ за денешниве.

Сепак, кога се нашите деца под закана од клетите терористи и педофили, се поминува нели?

Извор: The Next Web, The Verge

Претходна статијаGirls in Tech додалува 3 карти за Startup Weekend настанот
Следна статијаОтсега достапно и „забавено“ видео за корисниците на Lumia 930 и 1520 со Windows 10 Mobile