untitled copy

Велосипедите кај нас стануваат се повеќе популарни од година во година, особено во Скопје, кој е многу погоден град за возење велосипед, бидејќи нема многу нагорнини (иако останува проблемот со лошите велосипедски патеки. Сепак, доколку го користите велосипедот за одење на работа, особено во летните денови, може многу да се испотите, што секако не е идеално. Затоа, производителите лансираат електрични велосипеди, кои помагаат во вртењето на педалите, односно ја намалуваат потребната сила за да постигнете одредена брзина.

Таков е и Karmic Kyoto, кој има педали, но и голема батерија од 500 Wh која може да ви помогне да постигнете повисоки брзини со помалку вртење до околу 70 километри, што значи дека нема да мора да ја полните секоја вечер, освен ако не сте навистина далеку од работното место. Овој опсег на возење важи за „нормалниот“ мод на помош од електричниот мотор – доколку сте подготвени малку повеќе да вртите со педалите, може да поминете и многу повеќе со едно полнење.

k

Велосипедот е наменет за понежниот пол, со специјален дизајн за поудобно возење и седнување/станување на велосипедот. Kyoto има батерија поставена под седиштето, што според неговите создатели овозможува полесно управување и поголема удобност од поставеноста на батериите на конкурентите, кои најчесто се во предниот или задниот дел.

Karmic Kyoto велосипедот инаку е на Kickstarter, кој доколку го поддржите сега, можете да го добиете по цена од само 1.799 долари – реков „само“, бидејќи конкурентите чинат од 1.000 долари повеќе па нагоре. Подоцна, велосипедот ќе чини 2.799 долари.

Извор: TechCrunch, Startup-Buzz, Kickstarter

Претходна статијаScandy Pro е 3D скенер за вашиот телефон
Следна статијаWeekend Media Festival ги претставува најновите технологии