Мислите дека вашата гејмерска Core i7-ка е супер моќна? Помислите повторно – новиот Intel Xeon E7-8894 процесор е вистинско чудовиште од чип, кој буквално ги смачка сите останати чипови на бенчмарковите досега, дури и својот моќен претходник Xeon E7-8890 v4. Сепак, ова е процесор кој нема да биде наменет за домашните корисници, освен ако не сакате да издвоите масивни 9.000 долари за да го имате во својот арсенал.

Но и да можете да си го овозможите, Intel Xeon E7-8894 v4 е процесор наменет за серверите, што значи дека работи на посебни матични плочи. Неговите перформанси се импресивни – тој има 24 јадра на 2,4 GHz (3,4 GHz при Turbo Boost) и секое јадро има Hyper-Threading технологија, што значи дека може симултано да работи со два таскови. Кога ќе се собере, овој процесор има 48 виртуелни јадра. Покрај тоа, тој има масивни 60 MB ќеш меморија, но работи на прилично ефикасни 165 вати, а споредено со постарите Xeon процесори.

Intel Xeon E7-8894 v4 чипот е од Broadwell-EX XCC генерацијата и поддржува неверојатни 3 TB рам меморија, независно дали е DDR3 или DDR4. Чипот е опремен и со неверојатни 32 PCI-e линии и три 9,6 GT/s QPI линкови за спарување во машини со повеќе процесори. Во нормална конфигурација, овој чип поддржува машина со осум процесори (за 384 виртуелни јадра!), но со додатен “node” контролер, може да се вградат и повеќе процесори.

Според Intel, сите овие супер моќни спецификации придонесуваат овој чип да биде рекордер во голем број на бенчмаркови, како анализа на голем број на податоци, бизнис процесирање, HPC, датабази, SPECint_base2006, SPECompG_2012 итн.

Извор: Anand Tech, Enterprise Tech, Tech Report

Претходна статијаHuawei ќе претстави нов Watch 2.0 паметен часовник на MWC
Следна статијаНајиновативните гаџети за 2017 според Shark Tank