xeon-e7v4-angled-640x0

Неодамна Intel најави дека ќе обрне особено внимание на развојот на чипови за серверите, кои благодарение на “Cloud” револуцијата веројатно ќе бидат иднината на компјутерите. Новиот Xeon E7-8890 v4 чип е најмоќниот во v4 понудата што ја претстави Intel и истиот има 24 јадра.

Овој процесор секако не е за домашна употреба и не е наменет за гејминг или некој 3D софтвер. Xeon процесорите од оваа класа се направени за трајност во работата и функционирање со многу различни работи одеднаш – затоа и еден процесор има до 24 јадра.

Ви делува тоа многу? Xeon процесорите од оваа генерација можат да се стават на матични плочи со 4 до 8 сокети, во превод можат да се стават до 8 процесори во еден сервер. Ова значи дека тој сервер може да има максимум 192 јадра и вртоглави 24 TB рам меморија. Да, рам меморија, а не простор за складирање податоци – за тоа ќе има посебни хард дискови.

Да, делува импресивно и секако дека секој гик би сакал да го има во својата соба, но освен ако немате Ferrari во гаражата, голема е веројатноста дека нема да може да си дозволите ваков компјутер – модел со 8 процесори, 2 TB рам и два хард дискови чини 165.000 долари. Ауч. Затоа и Intel порачува дека ваквите серверски системи ќе се користат од банки и други големи корпорации, кои со помош на овие сервери ќе овозможат максимална заштита од сајбер напади.

Извор: PC World, Digital Trends, Intel

Претходна статијаНа кафе со Трендо, Тања Кокев и Ненад од Публицис
Следна статијаSamsung го претстави неуништливиот Galaxy S7 Active