Неодамна пишувавме дека за да имате целосно безбеден Windows 10 оперативен систем, Microsoft ги препорачува исклучиво најновите процесори од осмата “Core” генерација. Ова и не е чудно, бидејќи овие чипови имаат мноштво различни дополнителни заштити, кои го штитат компјутерот на хардверско ниво.

Сепак, во целото тоа вградување на подобрувања на чипот, има еден проблематичен „дополнителен“ чип наречен Intel Management Engine, кој работи независно од главниот процесор и кој може да се користи за далечинско административно управување на компјутерот. Поради ова, истиот овој чип може да го искористат хакерите и за целосно преземање на компјутерот со таков процесор, што го прави корисникот многу лесно ранлив.

Ваков дополнителен чип имаат сите процесори на Intel од од 2008 година, па наваму, но според истражувачите од Positive Technologies, ранливи се само оние од Skylake генерацијата, па наваму. Проблемот лежи во тоа што Intel Management Engine е поврзан со “debugging” портите на Joint Test Action Group, преку кои може да има целосен пристап до компјутерот само со USB стик. За среќа, од Positive Technologies не наведуваат како го направиле тоа.

За среќа, Intel Management Engine може да се исклучи со отстранување на “firmware” софтверот, но за жал не може целосно хардверски да се отстрани, што компјутерот го прави и натаму ранлив на напади и на преземање од други лица. За оние најзагрижените, една компанија од Сан Франциско со име Purism, продава лаптопи на кои им е отстранет таквиот чип и кои благодарение на тоа се многу побезбедни од останатите.

Извор: The Next Web, NDTV, The Register

Претходна статијаЗимски гуми за безбедно возење во зима
Следна статијаFacebook Stories и Messenger Day се спојувааат во една синхринозирана платформа