Своевремено најголемиот играч на сцената на микрочипови, Intel, последнава деценија попушти пред се поголемите напади од ARM конкуренцијата, односно нивната продажба на прцесори и чипови за десктоп компјутерите не може ни одблизу да се спореди со тоа колку процесори на пример произведува Qualcomm. Затоа, Intel голем дел од ресурсите ги вложува во други типови на чипови, како на пример новите Nervana процесори, кои се наменети исклучиво за вештачка интелигенција.

Овие чипови поточно се плод на купувањето на компанијата Nervana, која подолго време ја развива Nervana Neural Processor, специјално наменета за апликации кои користат длабоко учење преку неврални процесори. Покрај оваа компанија, Intel на чиповите работи заедно и со Facebook, која е една од водечките компании во светот на ова поле, а особено во областите на социјални медиуми, здравство, автомобилизам, временска прогноза итн.

Најголемата предност на Nervana чиповите во однос на конкуренцијата ќе биде тоа што тие ќе бидат подеднакво добри во длабоко учење и во егзекуција на тоа што го научиле. За разлика од нив, чиповите на Nvidia, кои се базирани на графичките процесори на пример се добри за длабоко учење, но послаби во егзекуција, додека оние на Qualcomm пак се добри во егзекуција, но послаби во длабоко учење.

Ова е и големиот скок со кој Intel се надева ќе ја престигне конкуренцијата, бидејќи досега, Nvidia беше компанијата која прва паѓаше на ум кога ќе се спомене вештачка интелигенција, пред се благодарение на користење на повеќе графички процесори во серија, нешто што Nvidia веќе го правеше за купувачите кои пред сѐ бараа компјутери за моќни 3D анимации или за гејмери.

Сега, Intel Nervana Neural Processor се очекува целосно да ги преземе овие пресметки, особено што е лесно скалабилен процесор, односно може да се поврзе со поголем број на други такви процесори во еден моќен компјутер со вештачка интелигенција. Првите Nervana процесори ќе бидат испорачани на купувачите до крајот на оваа година.

Извор: Engadget, ExtremeTech, Intel

Претходна статијаНова кампања на РСБСП и РК Вардар „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“
Следна статијаSnapdragon 636 донесува поддршка за 18:9 екрани во средната класа