Не е тајна дека брзината на процесорите кои ги користиме во нашите компјутери, лаптопи и смартфони расте со забавено темпо, па затоа сите поголеми производители вложуваат се повеќе внимание во нови чипови за компјутери со „длабоко учење“, односно на пошироката публика познати како „вештачка интелигенција“.

Еден таков чип е новиот Movidius Myriad X на Intel, кој за подобри перформанси користи неврална мрежа, која овозможува длабоко учење. Myriad X ова го прави со исклучително висока брзина и со ниска потрошувачка на енергија, за разлика од другите типови на вакви чипови досега.

Тој е инаку опремен со 128 векторски процесорски единици, подобрени визуелни акцелератори, повеќе MIPI линии и 2,5 MB хомогена меморија на чипот. Дефинитивно ќе треба да се навикнуваме на ваков начин на претставување во некој чип.

Намената на овој процесор е инаку за уреди со можност за визуелизација, односно уреди кои ја препознаваат уреди. Според тоа, тој би имал одлична намена кај очилата со изменета реалност и кај дронови, но и кај роботи. Чипот доаѓа и со вграден SDK за развој на апликации.

Од Intel велат дека ова е идеалниот чип за автономни уреди, односно уреди кои нема потреба да се поврзат со надворешен компјутер, а благодарение на пониската потрошувачка на енергија и покрај високите перформанси.

Извор: ZDNet, TechCrunch, Myriad

Претходна статијаИнтевјуата за работа добиваат нова димензија со „Skype Interviews“
Следна статијаInstagram ја дополни опцијата за споделување Албуми