Еве наслов кој повеќе прилега на статија од некој научно фантастичен филм од 80-тите – најголемиот компјутерски гигант IBM го претставува најбрзиот квантен процесор. Само што ова е реалноста – IBM веќе ги тестираше своите два најмоќни “Q” квантни компјутери, кои се дел од Quantum Experience компјутерот.

Уште веднаш да предупредам – овој компјутер нема да може да го купите, барем не во блиска иднина. Тој ќе биде бизнис ориентиран и ќе биде наменет за решавање на комплексни проблеми кои досега не беа возможни со бинарните компјутери. Да потсетам, квантните компјутери работат со “qubits”, кои можат да бидат и 1 и 0 истовремено, овозможувајќи досега невиден скок во брзината на процесорската моќ.

Новите два компјутери имаат брзина од 16 и 17 “qubits”, што споредено со досегашниот рекорд од 5 “qubits” е вистински квантен скок (како ли го сврзав ова). Според IBM, тој ќе биде користен во апликации со вештачка интелигенција, финансиски сервиси, логистика, фармакологија итн. Поточно, тој ќе биде своевиден помошник на бизнисите и науката, кој ќе може да дава и свои предвидувања и анализи исто како што тоа би го направил некој човек.

Овој тип на компјутери сепак работат со целосно различни алгоритми од бинарните компјутери кои ги користиме ние. Затоа, IBM сака да инволвира многу повеќе луѓе и дивелопери во развојот на ваквите процесори – претходникот на пример е користен за околу 300.000 експерименти откако бил пуштен во употреба минатото лето.

Во наредниве неколку години IBM планира да ја покачи брзината на квантните компјутери на 50 “qubits”, што значи дека оваа технологија прави многу големи скокови напред и само прашање на време е кога ваквите компјутери ќе станат реалност и за просечниот човек.

Извор: Engadget, PCWorld, ARS Technica

Претходна статијаApple ќе лансира освежени MacBook лаптопи наредниот месец
Следна статијаМакпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени и нови капацитети – отворена 126-тата бензинска станица