Најголемиот кинески производител на смартфони, на таа позиција се проби прво со своите мобилни мрежи (скоро секоја земја во светот има мрежа на Huawei), експертиза која ја префрлаат во нов Honor рутер, кој е паметен и има можности кои скоро сигурно ги нема вашиот домашен рутер.

Подобрувањата кои ги нудат Huawei Honor X1 и X1 Plus рутерите би можеле драматично да ја подобрат мрежата во вашиот дом и воопшто, да ви дадат поголема контрола врз пристапот на интернет. На пример, Honor рутерот овозможува намалување на брзината и количината на сообраќај на одредени корисници (како на пример на гостите) и тоа можете многу лесно да го направите само со помош на Android апликација.

Покрај тоа, тој поддржува и 2,4 GHz и 5 GHz мрежи, што значи дека ќе овозможи и супер брза конекција и поголем досег (автоматски, зависно од оддалеченоста на уредот), а за покривање на поголеми станови или куќи со него доаѓаат два помали дополнителни рутери (кај X1 Plus), кои се поврзуваат безжично со главниот. На Android апликацијата пак може да изберете каде е најдоброто место да ги поставите останатите рутери, со цел да имате оптимална покриеност низ цел дом.

Huawei Honor рутерот е доволно паметен и за да се поврзе на вашиот оператор без потреба од интервенција, а може да работи дури и на два оператори одеднаш, нешто кое со сигурност не го нуди ниту еден друг рутер на пазарот.

Huawei Honor Distributed Router има цена од 135 долари во Кина, што за многумина може да биде и премногу. Сепак, доколку се доволно сериозни за квалитетна Wi-Fi мрежа во вашиот дом, ова може да е еден од најдобрите производи на пазарот, особено што доаѓа од еден од најголемите брендови на ова поле.

Извор: Forbes, Gizmo China

Претходна статијаБесплатни книги од Microsoft достапни за симнување
Следна статијаSanDisk лансира micro SD картичка со капацитет од 400 GB