Последниве неколку години, кинескиот гигант Huawei се потпира само на свои чипови за паметните телефони, што и не е лоша одлука, бидејќи Kirin процесорите не само што се конкурентни на оние на Qualcomm, Samsung и Apple, туку нудат повеќе за помалку пари.

Најновиот Kirin 970 чип на Huawei ќе се натпреварува со најдобрите понуди од главните конкуренти, а како бонус адут има и дополнителен чип за вештачка интелигенција.

Но, да почнеме од она што сите не интересира, односно генералните перформанси. Kirin 970 има 8 јадра, од кои четири се Cortex-A73 на 2,4 GHz и четири се Cortex-A53 на 1,8 GHz. Графичката е Mali-G72MP12 со 12 јадра и истата треба донесе прилично голем скок во перформансите, но главниот збор тука го има новиот „неврален чип“, кој може да се користи за апликации со вештачка интелигенција.

Според Huawei, овој чип е 25 пати побрз од класичен процесор за апликации со вештачка интелигенција и 50 пати поефикасен. Нормално, овој чип не помогнува во секојдневните перформанси на процесорот, односно не очекувајте 25 пати повисока брзина во лансирање на апликациите или во работата во оперативниот систем.

Целиот чип е инаку изграден на архитектура со големина на транзистори од 10 nm, што донесува до зголемување на перформансите и намалување на потрошувачката. Според Huawei, новиот дизајн овозможува да се вградат 5,5 милијарди транзистори на површина од само еден квадратен сантиметар, што е секако бројка за почит.

Покрај понудените перформанси, Kirin 970 ќе има и вграден супер брз модем за интернет, кој поддржува 4.5G Cat.18 LTE брзини до 1,2 Gbit/s, што е повеќе од максималните брзини од „само“ 1 Gbit/s на главните конкуренти, Samsung Exynos 8895 и Qualcomm Snapdragon 835. Исто така, во него ќе има вграден посебен чип за преработка на фотографии, кој ќе овозможи слики со повисока острина и помал шум, како и нов 4-Hybrid автофокусен систем.

Kirin 970 за прв пат ќе се вгради во Huawei Mate 10, првиот смартфон на компанијата со многу мала рамка околу дисплејот, кој би требал да ги замрси сметките на iPhone 8, Galaxy Note 8 и LG V30.

Извор: ZDNet, Android Central, GSMArena

Претходна статијаIonic е првиот вистински паметен часовник на Fitbit
Следна статијаBosch промовира „паметно“ одржување на гардероба