vive-business-edition-2016-06-09-01

Тајванскиот производител поминува прилично успешно на пазарот со својот нов уред за гледање и играње во „виртуелна реалност“ Vive, а истиот е одлично примен и од рецензентите и покрај малку повисоката цена од околу 800 долари, без моќниот компјутер кој мора да го имате ако сакате Vive да функционира како што е замислен.

Сега, Тајванците лансираат бизнис верзија на овој уред, која е наменета за оние кои сакаат да ја искористат виртуелната реалност како помагало, на пример во дизајнирањето, во виртуелни конференциски разговори или во било која друга ситуација каде виртуелната реалност може да помогне. Сепак, цената на HTC Vive BE е 1.200 долари, што е за 50% повеќе во однос на „обичниот“ модел. Па, дали е оправдана?

vive-business-edition-2016-06-09-02

Доколку едногодишна гаранција и 24 часовна техничка поддршка (која веројатно ќе ви помогне само во поврзувањето на каблите) се доволна причина да дадете 400 долари повеќе, тогаш да, цената е оправдана. Инаку, се останато во уредот е исто – доаѓа со два контролери, две базни станици и сите придружни кабли и приклучоци. Да, ова е истиот уред наменет за пошироката маса.

HTC сепак нагласува доколку компании купат повеќе Vive BE уреди одеднаш ќе добијат намалување на цената, а исто така и тим кој ќе ги инсталира уредите. Да потсетиме, со HTC Vive може и да се движите во виртуелната реалност, движејќи се во вашата соба, па поставувањето од стручни луѓе може и да има некоја смисла.

Извор: ARSTechnica, PCWorld, Engadget

Претходна статијаVolvo можеби е најнапред во трката за прв целосно автономен автомобил
Следна статијаВо играта “Star Trek: Bridge Crew” ќе можете да бидете капетан а-ла Кирк и Пикард