Сосема различен модел од 1080, со Ti назнака ја дочекаваме најмоќната графичка карта за mainstream употреба. Со MSRP (малопродажна цена на производителот) од 699 долари, појака од Pascal Titan X и 35% побрза од GTX 1080 добивате “монстурм” за 4К резолуција, игри, едитирање и рендериње на видео содржини.

GP102 графичкиот процесор со големина од 16nm има 12 билиони транзистори со 3584 CUDA јадра на 6 графички кластери, 224 TMUs (Единици за мапирање на текстури). Boost тактот е со брзина од 1.6 GHz кој може слободно да се оверклокува на стабилни 2.0 GHz. Има 11GB GDDR5 меморија на 365 битен мемориски интерфејс. 250W TDP со еден 8 пински конектор и еден 6 пински придонесуваат GTX 1080 Ti да биде најефикасна при користење на струја од целата Pascal серија на графички.

Поефикасен Founders edition кулер со vapor chamber технологија придонесува да биде 5 степени пониска температурата на GTX 1080 Ti во споредба со GTX 1080, но и 2.5 dB потивка.

Овојпат од Ti моделот DVI портот е отстранет, а остануваат 3те DisplayPort порти и едена HDMI, но Nvidia со графичката доставуваат и еден адаптер од DP во DVI.

Прв пат Nvidia достигнуваат до 35% подобрување кога станува збор за Ti моделите од високата 80 серија на графички и одлично возвраќаат на гласините гласините за новата Vega серијата на AMD која треба да биде претставена годинава со доста ветувачки перформанси.

Претходна статијаПротекоа видеа од Galaxy S8 – изгледа импресивно со малата рамка и високиот дисплеј
Следна статијаПрви чисти фотографии од Galaxy S8 го покажуваат извонредниот дизајн