Оние кои сакаат да извадат максимум перформанси од својот гејмерски компјутер, скоро секогаш се соочуваат со проблем со простор, бидејќи најмоќните графички можат да се вградат само во поголеми куќишта. Ова почна да се менува последниве две години и сега може да направите прилично мал и моќен гејмерски компјутер, а најголем скок во таа насока прави Gigabyte, кој лансира супер мала верзија на GTX 1080, графичка која е способна и за квалитетен 4K гејминг.

GeForce GTX 1080 Mini ITX 8G, како што е целото име на новата графичка на Gigabyte, има должина од само 16,9 сантиметри, што значи дека може да ја собере и во најмалите мини куќишта кои можат многу добро да прилегаат и под вашиот телевизор во дневната соба. Всушност, идејата со ваквиот тип на графички картички е да понудат алтернатива на играчките конзоли, а за оние играчи кои се крстат во PC гејмингот.

Gigabyte не пропушта да се пофали дека и покрај помалите димензии, оваа графичка ќе има моќно ладење, благодарение на големиот кулер од 90 mm со специјален дизајн, како и механизмот за ладење направен од легура на бакар, кој подобро ја одведува топлината. Од компанијата велат и дека графичката е прилично тивка со оглед на перформансите, што е навистина важно доколку компјутерот е во вашата дневна соба.

Засега не е позната цената на GTX 1080 Mini ITX 8G, но очекувајте да биде слична на останатите GTX 1080 модели на пазарот.

Извор: Engadget, The Verge, Gigabyte

Претходна статијаXiaomi Mi A1 е супер достапен смартфон со „ванила“ Android Nougat
Следна статијаКомплетно електричен Mini пристигнува во 2019