Facebook е апсолутен гигант на интернет мрежата, но и покрај некои обиди во минатото (како брендирани смартфони), не успеа да се наметне на пазарот со хардверски решенија. Сепак, тоа не значи дека тие наскоро не планираат настап.

Имено, според анонимни извори од компанијата, тие спремаат специјален уред наменет за видео повици и четување, скоро сигурно преку нивниот сервис Messenger, кој ќе има дисплеј со големина на лаптоп.

Овој уред ќе има супер широка камера вградена во предниот дел, која не само што ќе овозможи многу лесно соговорниците да се позиционираат во видеото, туку ќе овозможи видео повици и на групи од луѓе.

Според најавите, овие видео повици ќе бидат „како да сте во собата“ со соговорникот, иако за тоа овој уред треба да има навистина голем дисплеј.

Тој инаку веројатно ќе доаѓа со вграден Android оперативен систем.

Покрај можноста за видео повици, уредот веројатно ќе доаѓа со дигиталниот асистент со вештачка интелигенција наречен “M”, кој веројатно ќе биде доразвиен од стартап компанијата Ozlo, која беше неодамна купена од Facebook. Всушност, чет функцијата најверојатно ќе се обавува со овој асистент, кој ќе може да го пренесе она што го говорите во текст и да го прати на вашиот пријател.

Уредот со дисплеј скоро сигурно ќе биде придружен и од паметен звучник во гамата на Facebook, кој ќе има исти можности како Amazon Echo, Apple HomePod и Google Home и кој исто така ќе доаѓа со вграден дигитален асистент од Ozlo.

Извор: Venture Beat, TechCrunch, The Verge

Претходна статијаSharp Aquos S2 има супер мала рамка околу дисплејот и спецификации од средно – високата класа
Следна статијаApple AirPods 2 ќе имаат вентил со цел да не се чувствувате како да носите слушалки?