Како начин да ја осигура својата иднина, Facebook наскоро ќе навлезе во производство на хардверски уреди. Еден од таквите уреди ќе бидат очила за проширена реалност, кои според сите еминентни личности од светот на технологијата, најверојатно ќе ги наследат смартфоните, иако почетокот и не е баш најсјаен.

Интересно, еден од луѓето кои го имаат поднесено патентот сега работи во Oculus (Паси Саарико), а претходно има работено во Microsoft на нивните очила за проширена реалност HoloLens. Ова значи дека Facebook ќе ги собере едни од најдобрите луѓе во бизнисот за нивните очила, со цел да имаат позабележан успех на пазарот и нормално конкурентен продукт.

Самите очила инаку ќе имаат технологија која е слична на онаа од HoloLens, односно очилата ќе имаат систем кој ќе прави проекција на слики и холограми во самото око на корисникот. На крај, она што тој ќе го гледа се слики и холограми во просторот, односно во неговото опкружување.

Дизајнот на очилата нема да биде футуристички, односно според тоа што Facebook веќе ни го најави претходно, тие ќе изгледаат прилично класично. Ова е одличен потег – конкурентските очила изгледаат премногу големи и премногу футуристички за да можете да излезете со нив и да изгледате перфектно нормално.

Дали и кога Facebook ќе ги лансира овие очила се уште нема информации, но очекувам тоа да биде придружено со посебен софтвер, како и апликации кои специјалноќе бидат подготвени за виртуелна реалност.

Извор: Engadget, Telegraph, Geek

Фото: Engadget

Претходна статијаXiaomi Redmi Note 5A е супер евтин смартфон со селфи камера од 16 мегапиксели
Следна статијаПротечена фотографија открива пофутуристички дизајн, но и изработка од пластика на новиот Google Nest термостат