E+Ink+Color

За оние кои се уште не знаат, E Ink дисплеите имаат вистинско мастило во нив, кое со помош на различни електрични полнежи се прикажува на различни места на дисплејот. Поради ова, кога прикажуваат статична слика овие дисплеи не трошат воопшто енергија, што ги прави идеални за уреди за читање на електронски книги, но од друга страна многу е тешко да прикажат реални бои.

Поточно, досега беа достапни само E Ink дисплеи со 4.000 бои, што секако не е доволно за да корисно за прикажување на посериозна графика. Затоа, E Ink ја разви новата “Advanced Color ePaper” технологија, која може да прикаже до 32.000 бои, што иако не е на нивото на LCD и OLED дисплеите, веројатно е доволно за прикажување на фотографии на пример. Дисплејот сепак не е употреблив за видеа, бидејќи освежувањето од една до друга слика трае дури 2 секунди.

Според E Ink, новиот дисплеј е наменет за поголеми дисплеи со големина од 20 инчи. Резолуцијата е солидна – 1600х2500 пиксели, што во превод значи околу 150 пиксели по инч. Ова е послабо од малите E Ink дисплеи наменети за уредите за читање на електронски книги, но на толку голем дисплеј е доволно за од нормална далечина не може да се забележат пикселите.

Поради неговата големина, овој дисплеј ќе биде наменет за дисплеи поставени во продавниците или пак на други јавни места, со цел да се прикажуваат најразлични статични информации. Засега нема најава дека може да се вгради во некои нови уреди за читање книги или пак паметни часовници, каде овој штедлив дисплеј би имал многу смисла, но искрено се надевам.

Извор: TechCrunch, Engadget, TechTimes

Претходна статијаПо запленување на другите домејни The Pirate Bay сега функционира на .org
Следна статијаКина презентира нови автобуси кои ќе возат над автомобилите за справување со гужвите