Телевизорите од година во година стануваат се поголеми. Додека пред само 10-тина години стандардот беше 42 инчен панел, сега тој се качи на 50-55 инчи. Сепак, има корисници кои не се задоволни ниту со тие големини и затоа, решение се проекторите.

Проекторите пак имаат доста послаб квалитет во однос на телевизорите – боите се послаби, контрастот е послаб и резолуцијата е послаба. Новиот проектор на Dell треба да ги елиминира тие недостатоци, а воедно и не му треба многу простор – тој може да проектира голема слика на само 4 инчи од ѕидот, што го прави идеално решение за скоро сите домови, канцеларии и училници.

Исто така, за разлика од скоро сите други проектори на пазарот, Dell Advance Laser Projector S718QL има ласери наместо лампи. Ова решение треба да трае подолго од класичните проектори – околу 10 години со 8 часа дневно работење, пет дена во неделата, а нема ниту да произведува толку многу топлина.

Квалитетот на сликата е една од главните предности на Dell Advance Laser Projector S718QL. Тој може без проблем да се гледа и преку ден, бидејќи има моќно осветлување, а исто така поддржува и HDR, што заедно со 4K резолуцијата, треба да овозможи визуелно искуство кое ќе биде многу блиско до кино салите.

Сепак, Dell S718QL има еден голем недостаток, а тоа е цената од 5.999 долари. Да, телевизори со таква големина чинат скоро исто пари, но тие траат многу подолго од проекторот, макар бил и ласерски. Затоа, тој е пред се насочен кон образовниот сектор и компаниите.

Извор: PCMag, PCGamer, ExtremeTech

Претходна статијаНовите iPhone-и ќе имаат безжично полнење, според производител на iPhone во Индија
Следна статијаFacebook овозможи коментирање со GIF слики за 30 годишниот јубилеј на овој формат