Corsair е една од помоќните фирми кога се работи за ќукишта за десктоп компјутери, AIO (all in one) ладилници за процесори и вентилатори или периферија за компјутери, а Crystal 570x е куќиште кое привлекува внимане со своите четри панели од темпирано стакло.

570х привлекува внимание поради стаклените панели кои треба да изгледаат естетски доста привлечно, прицврстени со по четри гумирани штрафови. Под горниот и предниот панел има целосни филтри за прашина додека од долниот дел филтерот го покрива само делот под напојувањето. Фабрички со куќиштето доаѓаат 3 RGB LED вентилатори кои треба да помогнат при ладење на компонентите. Ги поддржува скоро сите големини на матични плочи и графички карти со должина до 225mm каде што има 7 лежишта за било какви додатни карти. Две лежишта за 3.5” хард дискови и две за 2.5”.

Копчињата за вклучување и контрола на RGB LED светлата на вентилаторите се сместени на горната страна, а до нив има два 3.5mm приклучоци за слушалки и микрофон и две USB 3.0 порти. Подржува до 3 радиатори за водено ладење од кои напред 120mm, 240mm или 360mm, горе 240mm и позади 120mm. А ако несакате водено ладење може да наместите ладилник на процесорот со висина од 170mm.

Не секој би сакал вакво куќиште за повеќето доволно би било да има стакло од страната каде што ќе се гледа хардверот да не се оптеретуваат со менаџирање на каблите, но Corsair со 570х одлично се справуваат со бројните кабли со една метална преграда. Со цена од околу 180 американски долари 570х е одлично куќиште, но наменето за помала група на ентузијасти кои посветуваат многу време, труд и љубав во изработката на својот нов персонален компјутер.

Извори: PCPer, Tom’s Hardware, Bit-Tech

Претходна статијаGalaxy S8 ќе доаѓа со ултра брзи Snapdragon 835 и Exynos 8895 процесори
Следна статијаАвтопилотот на Tesla избегна сообраќајна несреќа