„Клокерите“, а особено оние кои се во трка за правење светски рекорди кога е во прашање работниот такт на кој работи некој процесор, скоро секоја година се обидуваат на најлуди начини да го направат тоа. Овој пат на ред е целосно новиот Core i7-7740K со X299 сокет, кој беше „клокнат“ на фантастични 7,5 GHz, за што најзаслужна била употребата на течен хелиум.

Рекордот е постигнат од тим на Gigabyte, производител кој секогаш прави вакви екстремни тестирања.

Течниот хелиум е инаку поладен од течниот азот, кој обично се користи во вакви ситуации. Поточно, тој има температура многу блиска до апсолутната нула од -250 Целзиусови степени. Работниот такт од 7,5 GHz сам по себе сепак не е светски рекорд, но затоа резултатите на бенчмарк мерењата се.

Комбиниран со Gigabyte Aorus GTX 1080 Ti графика и со работен такт од 7,1 GHz постигнат со течен азот, овој процесор успеа да постигне светски рекорд во 3DMark06 бенчмаркот, со резултат од 71.928. Во 3DMark03 овој процесор пак постигна супер високи 356.678, односно 737.222 во Aquamark бенчмаркот заедно со две 980 Ti графички карти.

Но, што значи ова за крајниот корисник? Не секој може да дојде до течен хелиум или азот, а и таквиот систем не е баш најкорисен за секојдневна употреба секако. Она што го покажуваат овие екстремни „клокови“ е можноста на процесорот за стандарден “overclock”. На пример, Ryzen процесор успеа да постигне само 5,2 GHz со ладење со течен азот, што значи дека процесорите на Intel можат да поднесат малку поголемо качување на работнио такт, секако се додека се погрижите за поубаво ладење.

Извор: TechRadar, Digital Trends, PC Gamer

Претходна статијаЕлон Маск: вештачката интелигенција ќе може да не победи во што и да било до 2030 година
Следна статијаПрви фотографии од OnePlus 5 – неодоливо наликува на iPhone 7 Plus