Долго очекуваната Vega архитектура на AMD се очекува да биде претставена во сегашниот квартал, односно на Computex. Секако претставувањето би било некаде при крајот на Computex што би дошло како “шлаг” на целата конференција.

Засега немаме многу информации во врска со Vega архитектурата, иако треба да биде од високата класа која би требало да претставува некаква конкуренција на сегашните “кралеви” од Nvidia.

Иако е се’ уште рано да се шпекулира за спецификациите можеме да претпоставиме што би не очекувало. Како висока класа, би требало да ги користат новите HBM2 на мемориски чипови кои имаат двојно поголем бендвит по пин за разлика од првата генерација на HBM меморија.

За HBM2, AMD тврдат дека е со околу 50% помала физичка големина од GDDR5 меморискот чип.

Како подобрена верзиија од HBM2 се очекуваат модели со по 8 GB меморија и (доста поскапи) премиум модели со по 16 GB HBM2 меморија.

AMD ја имаат прикажано Vega архитектурата на повеќе наврати годинава, како работи на одредени игри – DOOM, Star Wars Battlefront, Battlefield 1 на 4k резолуција со Ultra сетинзи и доста солидни резултати.

Да ги ставиме игрите на страна, AMD исто така имаа спремно демо со графичка на Vega архитектура која рендерира 8k формат на видео во Adobe Premiere Pro CC и одлично го обработува.

Иако од висока класа со доста ветувачки перфоманси, AMD не направиле подобра или поефикасна графичка од високата класа во споредба со Nvidia долго време, а ако Vega како архитектура се покаже добро ќе биде одлично за нас потрошувачите. Nvidia конечно ќе добие конкуренција, ќе има поголем избор и најверојатно ќе се намалат цените.

Извори: Kitguru, Theinquirer, TechRadar

Претходна статијаAcer претстави нови Switch лаптопи и таблет/лаптоп модели за студентите
Следна статијаWindows 10 Mobile смартфоните почнаа да го добиваат Creators Update