Веќе подолго време се очекува од AMD претставувањето на новата серија 14nm процесори Ryzen кои треба да претставуваат сериозна конкуренција на доминацијата на Intel на пазарот на десктоп, мобилни и серверски процесори, а со тоа и да го балансираат малку пазарот.

Крајот на февруари, почетокот на март би требало конечно да ги видиме новите процесори. На CES 2017 беа прикажани доста матични плочи со лежиште АМ4, поддршка за DDR4 рам меморија, m.2 SSD дискови и доста нови предности, но од процесорите видовме само демо модели на кои AMD имаа пуштено игри за да добиеме отприлика некоја претстава за што се способни Ryzen моделите.

Досега имаа доста модели што беа 6 јадрени кои доста добро се покажаа за нивното време, па дури беа врвни модели. Phenom II x6 серијата беа меѓу првите 6 јадрени процесори доста јаки за времето, но со огромна потрошувачка на струја и “ќумбиња” како што многу ги нарекуваа поради високата температура на работа. Наследнците на доста успешната Phenom II x6 серија беа новите и подобрени FX модели кои имаа и 8 јадрени процесори, но не ги изоставија 6 јадрените. Со FX серијата AMD преминаа од DDR2 на DDR3 рам меморија, ги подобрија кеш мемориите на процесорите, скоро сите FX модели беа отклучени, но пак со истиот проблем преголема потрошувачка на струја и високи температури што автоматски значеше дека треба да вложите уште од буџетот за цел компјутер во ладилникот за процесорот. До целата одлука AMD стигнале со одговор дека всушност имаат доста скромни подобрувања во споредба со 4 и 8 јадрените модели.

Крајот на февруари или почетокот на март ќе ги видиме Ryzen моделите, но овој пат според многу извори AMD ќе ја “прескокнат” 6 јадрената серија, а дали во иднина ќе видиме Ryzen процесори со по 6 јадра не се знае, може ќе видиме подобрени варијатни кои ќе станат наследници на Ryzen.

Претходна статија10 книги кои ќе оживеат на телевизија во 2017
Следна статијаGoogle пушти Android 7.1.2 beta надградба за Pixel и Nexus уредите