5836B28EA3A3C5B78CE3D155BD

iPod првпат беше претставен во 2001 година и за само неколку години прерасна во најкористениот MP3 Player на пазарот. Не беше првиот MP3 Player претставен воопшто, таквите уреди веќе со години постоеја и беа масовно користени од корисниците, во време кога слушањето на музика преку MP3 фајлови беше популарно. Она што iPod го донесе на пазарот што го издвои од другите производи беше неговата едноставност во користењето, неговата големина и можеби најважно од сите iTunes продавницата, претставена 2 години подоцна, преку која што можеше да се купи музика за многу пониска цена. iTunes Store понуди различен начин на купување на музика, начин подоцна прифатен од повеќето онлајн музички продавници. Корисниците можеа да купуваат посебни песни или цели албуми за прилично ниски цени од дотогаш стандардните. Ова придонесе за значително намалување на пиратското симнување на музика, барем во развиените земји.

Во години што следеа популарноста на iPod се зголемуваше, беа претставувани нови модели. iPod стана дефиниција за MP3 Player, каде што другите кои што останаа да произведуваат беа секогаш на далечното второ место. Apple исто така претставија интересен модел, iPod Touch кој што може да се каже дека претставува iPhone без можноста за правење повици и нешто потенок дизајн.

Сепак можеби кога ќе се погледне развојот на индустријата, односно како денеска луѓето слушаат музика, може да се заклучи дека познатите MP3-ки полека стануваат дел од минатото, односно се помалку се користат. Ова посебно важи за западните земји каде што се достапни неколку музички сервиси, како Spotify, Pandora и слични, кои што нудат бесплатно стримување на музика, како и одредени ниски месечни претплати за додатни функции. Овие сервиси се достапни за мобилните телефони, десктоп компјутерите, таблетите, па потребата од користење на MP3 Player, а со тоа и iPod станува помала. Ретки се луѓето, иако ги има и нив, кои што сакаат да носат два уреди со нив, едниот за слушање музика, а другиот за разговори, апликации и слично, посебно кога слушањето на музика на истиот начин може да се прави преку паметните телефони.

Apple ги претстави резултатите од нивното работење во изминатата година, а со тоа и продажбите и заработката од iPod. Истите покажуваат големо намалување, односно дури за 52%. Сепак продажбите не се мали, тие се мали во споредба со продажбата на останатите производи од Apple. Достапноста на iPod ќе остане и понатаму, односно како што изјавија од Apple, нема потреба да се прекине со продажба на нешто што сеуште носи заработка.

Колку е популарен iPod во Македонија и дали некој од вас користел или сеуште користи некој од нив?

Претходна статијаGoogle ја продаде Motorola на Lenovo за скоро 3 милијарди долари
Следна статијаFacebook ја претстави Paper апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.