W020140224612741167731-feat

На MWC 2014 настанот кој што се одржа оваа недела, ZTE го претстави Grand Memo II LTE мобилниот телефон кој што како и многу други производи беше дел од шпекулации и претпоставки за можните карактеристики.

Grand Memo II LTE доаѓа со 6 инчен HD екран што го става во категоријата на phablet уреди, што иако за некои корисници можеби изгледа многу, уредите и од другите производители стануваат се поголеми. Она што се забележува кај неговиот дизајн е неговата мала дебелина која што изнесува 7,2 милиметри, како и малата рамка која што остава екранот да дојде до израз, но и придонесува за вкупната големина да биде што е можно помала со оглед на големината на екранот. Што се однесува до процесорот сепак во него не е вграден моментално најдобриот, па доаѓа со Snapdragon 400 процесорот од Qualcomm и со 2 GB RAM меморија. Просторот за податоци, односно надворешната меморија на уредот вклучува 16 GB. Доаѓа со задна камера со 13 мегапиксели и предна со 5 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3200 mAh што според ZTE му овозможува на уредот до 72 часа на слушање музика и до 16 часа гледање на HD видео. Како што кажува и името на уредот, тој доаѓа со LTE поддршка.

W020140224612741167731

Мобилниот телефон работи на најновата верзија на Android оперативниот систем, односно 4.4 KitKat верзијата. Исто така доаѓа со свој кориснички интерфејс наречен MiFavor кој што е во 2,3 верзија, која што донесува нови икони и подобрено корисничко искуство од претходната верзија. Според ZTE MiFavor корисничкиот интерфејс ги учи навиките на корисникот со што му овозможува прилагодено искуство на неговите потреби преку интелигентно поделениот екран.

Извор: ZTE

Претходна статијаБидете фит со All-In Fitness
Следна статијаSamsung претстави два нови Exynos 5 процесори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.