Додека чекаме на паметните уреди со вистински свитлив екран (најмногу од Samsung), ZTE реши да ни го донесе на пазарот најблиското до тоа, со моментално достапната технологија.

Axon M е новиот уред од оваа компанијата и како што можевме да прочитаме пред одреден период, тој доаѓа со два екрани кои се преклопуваат по долгата страна и со тоа може да се користи како обичен телефон или помал таблет.

Можеби просторот помеѓу екраните не овозможува баш класично таблет искуство, па ZTE се има погрижено да на корисниците им овозможи други предности на ваквиот начин на работи на нивниот нов уред.

Главните режими на работа којшто ги овозможува Axon M вклучуваат користење на двата екрани посебно и со тоа две различни апликации во исто време, користење на двата екрани како таблет, како и можност за прикажување на истата работа на двата екрани со цел користење од два корисници (поставен во позиција на шатор).

Ова дефинитивно е уред којшто ќе привлече внимание додека останатите производители, како Samsung, не ги претстават своите револуционерни уреди со екран кој се превиткува.

Што се однесува до останатите карактеристики, ZTE Axon M доаѓа со следните:

  • 2 екрани со по 5,2 инчи и резолуција од 1.920 x 1.080 пиксели и 424 ppi
  • Кога се отворени двата екрани дијагоналата изнесува 6,8 инчи
  • 15 GHz quad-core Qualcomm Snapdragon 821 процесор
  • 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија за складирање
  • 180 mAh батерија, USB-C
  • 12 мегапиксели задна камера

Од карактеристиките можеме да видиме дека Axon M не е направен со цел да им конкурира на најдобрите со своите компоненти, туку со двојните екрани.

Извор: Cnet, The Verge

Претходна статијаПарк Хотел и Спа, прв хотел со електричен полнач во Македонија
Следна статијаСатја Надела даде надеж дека Windows Mobile платформата сепак нема да ја снема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.