Смартфонот со двојна предна и основна камера е достапен на македонскиот пазар

Скопје, 16 ноември, 2017 г. – Доставите на lite моделот од новата Mate 10 серија почнаа да се појавуваат на македонскиот пазар. Mate 10 lite, кој освен со двојна предна и основна камера, се разликува со сериозна продуктивност и прв со Huawei FullView екран, кој може да се најде во мрежата на продажни салони на мобилниот оператор  OneVip, како и маркетите на Neptun и Сетек. Уредот ќе биде достапен три бои: графитно црно, преодно златно и сино сино.

“Радоснисме што можеме да понудиме повеќе на македонскиот пазар. Тука е еден од најинтересните смарт телефони од портфолиото на новата Mate 10 серија. Комбинацијата на нови софтверски и хардверски решенија го вбројува овој модел меѓу специјалните уреди за оваа година. Очекуваме голем интерес за него во сите негови изданија – златен, црн и син “- изјави Георги Колев, извршен директор во “Кориснички Уреди” за Huawei Бугарија и Македонија.

Huawei Mate 10 lite доаѓа со 5,9-инчен екран, изработен со најдобрата технологија на Huawei FullView дисплеј. Импресивниот сооднос помеѓу екранот и телото од 83 проценти и аголот од 18: 9 овозможуваат прекрасно доживување при гледањето со широк екран. Предната 13MP / 2MP двојна селфи камера, за прв пат вградена во уред на Huawei, создава висококвалитетни уметнички и “живи” слики, благодарение на Selfie Toning Flash. Основната, двојна камера, комбинира објективи со 16MP и 2MP сензори. Двете двојни камери нудат и хардверска “boké” функција за подобро изградени, чисти и уметнички кадри каде има ниско осветлување.
Придвижен од 8-јадрениот процесор Kirin 659, 4GB RAM и 64GB ROM, Huawei Mate 10 lite поддржува одличен мултитаскинг со секоја активна апликација.

Благодарение на интеграцијата со Android-7 базиран на EMUI интерфејс на Huawei, користењето на овој смратфон е мирно и пријатно. Батеријата на Huawei Mate 10 lite од 3.340 mAh е особено издржлива.

Умниот читач на отпечатоци на прсти користи машинско учење, за да биде попрецизен и сигурен за корисникот. Huawei Mate 10 lite располага со сопствен Huawei HISTEN аудио систем, која репродуцира наситен и квалитетен звук при гледањето на видеа и играње видео игри.

Претходна статијаMicrosoft спрема Skype Professional за мали бизниси и хонорарци
Следна статијаБоб Луц: никој нема да поседува автомобил за 20 години