Redmi-Pro-smartphone-800x507

Еден од најголемите кинески производители повторно лансира телефон кој нуди одлични перформанси по многу ниска цена. Новиот Redmi Pro е најмоќниот телефон од оваа серија на Xiaomi досега, но и натаму се нуди по достапна цена од 225 долари, која реално можат да си ја дозволат поголемиот број на купувачи.

Но, што се добива за 225 долари? OLED дисплејот има големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција, што е многу солидно со оглед на цената, особено ако се земе предвид фактот дека телото е изработено од алуминиум. Во предниот дел има и читач за отпечатоци на прстите, функционалност која сѐ уште недостасува кај многу од моделите во оваа класа.

Redmi-Pro-smartphone-2-800x511

Почетниот модел кој чини 225 долари има Helio X20 процесор на MediaTek (8 јадра) со 3 GB рам и 32 GB простор, но со надградба на вториот модел од 255 долари се добива Helio X25 (10 јадра), 3 GB рам и 64 GB простор, додека изведбата која чини 300 долари има 4 GB рам и 128 GB простор. Сите цени важат за пазарот во Кина.

Камерите делуваат исто така солидно на хартија – назад има две камери: 13 мегапиксели (Sony сензор) и 5 мегапиксели (Samsung сензор), со кои телефонот може да постигне ефект на плиток фокус, предната камера има 5 мегапиксели, додека батеријата брои масивни 4.050 mAh, кои со сигурност ќе овозможат повеќе од еден ден нормално користење. Телефонот ќе се полни преку новиот USB Type-C приклучок.

Redmi Pro ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow и ќе почне да се продава на 8 август во Кина. Очекувајте набрзо потоа да пристигне и на нашиот пазар, каде цените би можеле да бидат малку повисоки.

Извор: GSM Arena, Mac Rumors, The Verge

Претходна статијаНовите LCD LED телевизори на Sony имаат висок контраст и многу поголема светлина од “OLED”
Следна статијаSamsung со најголем профит за последните две години поради одличната продажба на S7 моделите