Xiaomi не престанува да изненадува со евтини смартфони, кои имаат спецификации и можности кои се над очекувањата за тој ценовен ранг. Новиот Redmi Note 5A, барем на хартија, има супериорна предна селфи камера која ќе биде супер погодна за помладата популација и уште поважно за таквите купувачи, многу ниска цена.

Единствен податок за телефонот кој се издвојува како послаб е HD резолуцијата на дисплејот, која се чини како прилично мала за големина од 5,5 инчи. Сепак, за Snapdragon 435 процесорот нема забелешки, особено што е помогнат од солидни 2, 3 или 4 GB рам меморија, односно 16, 32 или 64 GB простор, а цената на телефонот почнува од супер ниски 89 долари (114 за моделот со 3/32 GB, 152 долари за моделот со 4/64 GB) во Кина. Кај нас очекувајте да е делумно повисока, но и натаму супер достапна со оглед на понудените перформанси.

Голем адут на овој смартфон ќе биде предната камера, која има 16 мегапиксели и која на хартија делува подобро и од задната камера, која има 13 мегапиксели. Двете помоќни верзии на телефонот – онаа со 3/32 GB и 4/64 GB доаѓаат и со читач за отпечатоци на прстите во задниот дел, што е уште еден голем адут особено со оглед на цената, додека батеријата има задоволителни 3.080 mAh.

Телефонот доаѓа во три бои: Шампањ Златна, Розе Златна и Платинум Сребрено Сива и ќе биде опремен со последниот MIUI 9 софтвер на Xiaomi, кој е направен на база на Android Nougat.

Извор: GSMArena, Times Now, NDTV

Претходна статијаMicrosoft ги усовршува постоечките игри за подобра компатибилност на Xbox One X
Следна статијаFacebook поднел патент за очила за проширена реалност