До пред појавата на извонредниот Mi Mix 2, знаменосец во понудата на кинескиот производител Xiaomi беше моделот Mi 6, кој е опремен со најмоќни можни спецификации и како и скоро секој модел на компанијата, има многу конкурентна цена.

Сега, Xiaomi лансира поголема верзија на овој модел наречена Mi Note 3, која има ист дизајн, но поголеми димензии.

Поточно, дисплејот кај Mi Note 3 има големина од 5,5 инчи и Ful HD резолуцијам споредено со 5,15 инчниот дисплеј кај Mi 6. Меѓу двата модели има уште една разлика – наместо Snapdragon 835, вграден е Snapdragon 660 процесор. За многумина „упатени“ ова значи дека телефонот не е од високата класа, но скоро целосно сум сигурен дека скоро секој купувач нема да може да ја забележи разликата во перформансите меѓу двата модели, бидејќи и 660-ката е прилично способен процесор.

Останатите спецификации се подеднакви – телефонот е опремен со 6 GB рам меморија и 64 или 128 GB простор. Задната камера е двојна и има еден модул со 12 мегапиксели и широка леќа и еден модул со повеќе зум и 12 мегапиксели. Според Xiaomi, оваа комбинација овозможува 2х зум и ефект на заматување на позадината како кај професионалните фотоапарати со објективи со брза бленда. Предната камера пак има 16 мегапиксели и Beautify мод, кој ќе ве направи поубави со помош на „вештачка интелигенција“

Mi Note 3 е опремен и со батерија со капацитет од 3.500 mAh, која се чини како доволно голема за 5,5 инчен смартфон. Во Home копчето напред е вграден и читач за отпечатоци на прстите, но телефонот е опремен и со можност за брзо отклучување на телефонот со вашето лице.

Сето ова е вклопено во прилично допадливо тело изработено од алуминиум и стакло, достапен во црна боја за изведбата со 64 GB (380 долари во Кина) и сино златна боја за моделот со 128 GB (460 долари во Кина). Дефинитивно ниска цена за вака опремен паметен телефон.

Извор: The Verge, Android Central, NDTV

Претходна статијаMercedes-Benz комплетно преминува на струја веќе во 2022
Следна статијаiPhone X е најимпресивниот iPhone досега, но на него треба да се чека до ноември