Еден од најпопуларните кинески производители на смартфони, наскоро треба да го претстави својот нов знаменосец, кој ќе има и поголема Plus верзија, која според нови информации и рендери, веројатно ќе има двојна камера во задниот дел, со која ќе конкурира на мноштвото смартфони со двојна камера од високата класа.

Сѐ уште нема информација за тоа какви можности ќе има камерата, но скоро е сигурно дека едната ќе има 12, додека другата 20 мегапиксели и се работи за квалитетни сензори на Sony. Обичниот модел пак ќе има единечна задна камера со сензор од 19 мегапиксели, исто така на Sony. Предната камера и кај двата модели пак ќе има 8 мегапиксели и веројатно голем сензор, што е добра вест за селфи ентузијастите.

Нормално, останатите компоненти ќе бидат исклучително моќни, па се очекува чипот да е Snapdragon 835 и истиот ќе биде помогнат од 4 или 6 GB рам зависно од моделот. Ќе бидат понудени и три верзии на внатрешен простор – 32, 64 и 128 GB, а ќе има и слот за micro SD. Како и кај секој конкурент, ќе биде понудена и Mi 6 Plus верзија со поголем дисплеј од 5,7 инчи, наспроти 5,15 на обичниот модел. И двата модели ќе имаат дисплеј со Full HD резолуција.

Цените на новите знаменосци на Xiaomi ќе се движат од 290 долари за основниот модел со 4 GB рам и 32 GB простор, преку 333 долари за 4/64 GB за Mi 6 и 377 долари за Mi 6 Plus, до 390 долари за 6/128 GB за Mi 6, односно 435 долари за Mi 6 Plus. Протечените информации велат и дека поголемиот модел ќе биде понуден во ултра моќна изведба со 8 GB рам меморија и 256 GB простор, која ќе чини 507 долари.

Ова се исклучително ниски цени за смартфони со толку моќни спецификации и нормално, нетрпеливо очекуваме да бидат претставени овие смартфони за да видиме што друго имаат да ни понудат.

Извор: Android Authority, Tech Viral, GSMArena

Претходна статијаЧекор понатаму во персонализирањето на вашиот Android уред
Следна статијаMicrosoft има нов патент за таблет два дисплеи на преклоп – дефинитивна најава за Surface Phone?