14589767_1184650628237195_6308739019702344639_o

На настан во Пекинг, Xiaomi ја претстави втората генерација од нивната Mi Note серија, соодветно нареченa Mi Note 2.

Овој уред, исто така доаѓа во право време да им даде дополнителен избор на корисниците кои се љубители на поголемите телефони, а после проблемите кои се случија со популарната Note серија на Samsung, со веќе познатиот случај со Note 7.

Инаку, Xiaomi Note 2 е телефон од високата класа кој ги има сите компоненти да го докаже истото. Дополнително, кога веќе го истакнуваме како алтернативна на Note 7, овој уред доаѓа и со заоблен екран кој според компанијата овозможува пошироко видно поле.

14715708_1184650521570539_2615566850360501479_o

Изработен од алуминиум од страните, Note 2 вклучува заоблено стакло и од задната страна, што му дава одредена симетрија, односно ист стил како и предната страна.

Што се однесува до карактеристиките на уредот, Note 2 доаѓа во две варијанти кои се разликуваат во меморијата, односно едната вклучува 4 GB RAM со 64 GB простор за складирање, додека другата 6 GB RAM со 128 GB простор за складирање на податоците.

Останатите карактеристики на Note 2 се исти за двете варијанти, а истите вклучуваат:

  • 5,7 инчен OLED флексибилен екран
  • Snapdragon 821 чипсет со процесор кој работи до 2,35 GHz
  • 22.56 мегапикселна задна камера
  • 8 мегапикселна предна камера
  • 4.070 mAh батерија
  • MIUI 8
  • LTE

14708045_1184650358237222_779467311656801050_o

Се работи за уред од највисоката класа кој ќе конкурира на таквите како Pixel од Google, iPhone 7 и слични кои ќе бидат претставени во блиска иднина.

Цената на Note 2 ќе биде 413 долари за послабиот модел, односно 516 за посилниот. Моментално телефон е претставен во Кина, па се’ уште нема информации за тоа кога може да се очекува на пазарите во остатокот од светот.

Извор: TNW, Android Central

Претходна статијаНаскоро доаѓа првиот паметен асистент за резервации на автобуски билети
Следна статијаОфицијално лансирање на Летз на Продукт Хант
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.