mobile-phones

Во продолжение на првиот дел од овој водич доаѓаме со обид да ви го олесниме товарот при бирање на нов телефон. Овој пат го вртиме вниманието на телефоните кои се релативно евтини, а сепак задржуваат добро ниво на квалитет во споредба со цената.

Во овој дел на пазарот има еден куп телефони и десетици производители. Токму затоа одбравме 8 модели кои веруваме дека ќе ги задоволат вашите барања, а нема да ви го испразнат џебот. Ако имате коментари околу некој од нив или би сакале и некој друг да биде вметнат пишете ни коментар на статијата подолу.

Евтини и квалитетни

Како што пишав, постојат стотици телефони во овој сегмент од пазарот. Затоа нема да се задржуваме премногу на било кој од нив, но ќе им го посветиме должното внимание.

Xiaomi Redmi Note 2/3

redmi-note-3_0

За тие пари чудо од телефон. Кај нас цената е околу 200 евра за двата модела (2 и 3), а разликата е што Redmi Note 3 има метално тело, малку поголема батерија, 1 ГБ повеќе РАМ и скенер за отпечатоци. Во останатото двата телефона се прилично еднакви. Околу телото, пак, на Интернет можете да си нарачате секакви футроли кои можат да го направат телото на Redmi Note 2 соодветно на перформансите внатре.

А тие се:

  • 5,5 инчен екран на 1080п резолуција (401 ппи)
  • 13 мегапикселни камери кои снимаат 1080п видео (3-ката може да снима на 120 слики во секунда, за разлика од 30)
  • 32 ГБ внатрешна меморија
  • Осмојадрен ARM Cortex-A53 на 2,2 ГХц
  • Android 5.0 и 5.1 со MIUI 7 корисничко опкружување
  • и останато што е стандардно во телефоните денес (GPS/ГЛОНАСС, жироскоп, гравитационен сензор, вибрации итн.)

Ако го земете еден од овие телефони нема да погрешите.

ASUS ZenFone 3 (во најава)

asus-zenfone-3-lead

Средна класа телефон со следниве карактеристики:

  • 5,5 инчен екран со 1080п резолуција
  • Snapdragon 625 осумјадрен процесор на 2 ГХц
  • 3/4 ГБ РАМ
  • 32/64 ГБ внатрешна меморија
  • Android 6.0
  • 16 мегапикселна камера со 1080п видео снимање на 30 свс
  • останато што е стандардно во телефоните денес (GPS/ГЛОНАСС, жироскоп, гравитационен сензор, вибрации итн.)

Исто така одличен избор.

Huawei Honor 5C

Honor-5C-colors

Huawei е еден од кинеските ѕверови кога се работи за производство на телефони, а покрај премиум телефоните кои ги имаат (за кои пишувавме во првиот дел) имаат секако и телефони кои се евтини, а прилично квалитетни. Таков е и Honor 5C со неговите:

  • 5,2 инчен екран на 1080п резолуција
  • Kirin 650 осмојадрен процесор, кои работат на фреквенции од 1,7-2,0 ГХц
  • 2 ГБ РАМ меморија
  • 16 ГБ внатрешна меморија
  • 13 МП камера
  • 3.000 мАч батерија
  • слот за SD картичка
  • останато што е стандардно во телефоните денес (GPS/ГЛОНАСС, жироскоп, гравитационен сензор, вибрации итн.)

Oppo R7s

main

Oppo е еден од поновите (кинески, секако) производители кои исто така завземаат сè поголем колач од пазарот. Oppo R7s е еден од играчите кој им го овозможува ова. Под хаубата држи:

  • 5,5 инчен екран со 1080п резолуција
  • осумјадрен Snapdragon 615 процесор на фреквенции од 1 – 1,5 гХц
  • 4 ГБ РАМ (!)
  • 32 ГБ внатрешна меморија
  • 13 МП камера со видео на 1080п/30 спс
  • останато што е стандардно во телефоните денес (GPS/ГЛОНАСС, жироскоп, гравитационен сензор, вибрации итн.)

Vivo V3 Max

gsmarena_004-1

Vivo е уште еден од кинезите кои го „јадат“ пазарот. Пред некое време пишувавме дека Oppo и Vivo го надминаа Xiaomi за 4-то место во продажбата на телефони, што не е ни чудно со оглед на тоа што го нудат во своите телефони. Да го земеме предвид Vivo V3 Max:

  • 5,5 инчен екран со 1080п резолуција
  • четворојадрен Cortex-A72 процесор на 1,8 ГХц и четворојадрен Cortex-A53 на 1,4 ГХц
  • 4 ГБ РАМ
  • 32 ГБ внатрешна меморија
  • слот за SD картичка до 256 ГБ
  • 13 МП камера со видео на 1080п/30 спс
  • 3.000 мАч батерија
  • останато што е стандардно во телефоните денес

LG X Power

X-mach-and-X-power.0

LG е една од компаниите која се бори да се врати на пазарот откако настапија кинеските џинови, а дел од ударот го центрираат врз средниот пазар кој е практично најтечен во купувањето и менувањето телефони. Затоа, ќе го разгледаме LG X Power:

  • 5,3 инчен екран со 1080п
  • MediaTek 6735 четиријадрен процесор
  • 2 ГБ РАМ
  • 16 ГБ простор
  • 13 МП камера
  • 4.100 мАч батерија (!)
  • останато стандардно за телефоните денес

Вреди да се разгледа овој телефон и покрај останатите спомнати погоре бидејќи се работи за LG кои се познати по релативно високиот квалитет на своите уреди.

ZTE Nubia Z11 Max

zte_nubia_z11_max

ZTE исто така си го сака својот дел од колачот назад, а еден обид е преку ZTE Nubia Z11. Иако со малку повисока цена од оние кои ги обработуваме тука, сепак се работи за одлични перформанси во однос на истата (околу 267 долари во САД), па затоа е вклучен.

Тој поседува:

  • 6 инчен екран (!) со 1080п резолуција
  • Snapdragon 652 осумјадрен процесор на 1,4 – 1,8 ГХц
  • 4 ГБ РАМ
  • 64 ГБ простор
  • 4.000 мАч батерија
  • 16 МП камера (!)
  • останато стандардно за телефоните денес

Како што гледате цената се исплати за овој телефон. Не ни е познато кој го продава кај нас, но сигурно влегува во еден од подостапните телефони од средната класа.

Lenovo G4/G4 Plus

Screenshot_234

Знаете дека Lenovo произведуваат лаптопи и други уреди, но дали знаете дека произведуваат одлични телефони? Покрај тоа што беа истиснати од пазарот од кинеските џинови тие не се откажуваат, па ги нудат G4 и G4 Plus кои, пак, нудат одлични карактеристики за ниска цена (169 и 199 фунти во В. Британија):

  • 5,5 инчен екран со 1080п резолуција
  • Snapdragon 617 осумјадрен процесор на 1,5 ГХц
  • 2 – 4 ГБ РАМ (зависно од верзијата)
  • 16 – 64 ГБ простор (зависно од верзијата)
  • 3.000 мАч батерија
  • чист Android Marshmallow
  • можност за уредување на боите на телефоните преку Moto Maker
  • останати работи стандардни за денешните телефони

Тоа што мене лично ме радува е што зголемената конкуренција на пазарот за телефони доведе до зголемување на квалитетот на понудата со паралелен пад на цената на истата. Телефоните кои можеме да ги имаме денес за релативно разумни пари (околу 200 евра) се чудо на технологијата и се во можност да ни ги заменат сите наши други уреди, ако тоа го сакаме.

Тоа е резултат на пазар неоптоварен со непотребна регулација и законски одредби кои имаат за цел рекетирање на тие кои се обидуваат нешто да произведат и пласираат на пазарот, какви што се произведувачите горе.

Тоа е и лекција за законодавниот дом на Р. Македонија. Кога ќе престане да го оптоварува стопанството со непотребни и малтретирачки регулативи, тоа ќе почне да произведува и работи како што треба, а со тоа и да плаќа повеќе данок. Лекција која некако тешко влегува во главите.

Во следниот дел продолжуваме со некои специфични телефони кои вредат да се спомнат.

Претходна статијаДостапни бета верзиите од новите iOS 10 и macOS Sierra
Следна статијаWindows Insider програмата продолжува и после Anniversary Update