gsmarena_006

Стигнавме до 2016 година и производителите се уште не сфатија дека поголемиот дел од корисниците повеќе сакаат да се сликаат самите со предната камера на телефоните, отколку да фотографираат со задната камера. Кинескиот производител Vivo е еден од ретките на кои им текна да го направат тоа – нивниот нов V5 смартфон има предна камера со 20 мегапиксели и задна со „само“ 13 мегапиксели.

Како што веќе знаеме, мегапикселите се само една од карактеристиките на добра камера, всушност, многу се поважни ред други карактеристики. За среќа, Vivo V5 не разочарува – сензорот е IMX376 на Sony, додека леќата има f/2.0 бленда, што е одлична вредност за предна камера. Напред има и блиц, кој дополнително ќе помогне во сликањето навечер, а секако има и софтвер кој може да направи да изгледате поубаво (реално, ја омекнува и осветлува фотографијата).

vivo-v5-2-copy

Задната камера не е толку импресивна – има 13 мегапиксели. Дисплејот има големина од 5,5 инчи и само HD резолуција, што се чини е премалку за телефон со толку голем дисплеј. Процесорот е просечен MediaTek MT6750 со осум јадра, помогнат од прилично добра количина на рам од 4 GB и внатрешен простор од 32 GB, со можност за проширување преку micro SD. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh, што би требало да е доволно за телефон со толку мала резолуција на дисплејот.

Vivo V5 ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow, но ќе има дел од функциите на поновиот Nougat, како можност за користење на две апликации една до друга, а благодарение на дополнителниот Funtouch 2.6 скин на Vivo.

vivo-v5-1-copy

Цената на Vivo V5 во Европа ќе изнесува 245 евра, што реално не е премногу за телефон со толку добра селфи камера. Сепак, бидете подготвени да гледате во дисплеј на кој лесно ќе бидат видливи пикселите – за тие пари има телефони со Full HD екрани.

Извор: Mashable, GSMArena, NDTV

Претходна статијаВиртуелна Реалност: Предности и слабости
Следна статијаЗапочна големата конференција – Microsoft Визија: Reloaded