Последното видео од серијалот кој го спремивме со фантастичниот Galaxy S8+ се однесува на видео кое е снимено со самиот телефон. Идејата е едноставна – да го видите сами квалитетот и да може да процените дали ќе биде добар за вашите потреби.

Ако ме прашувате мене, ова е веројатно еден од најдобрите смартфони за снимање видео. Може да снима 4K видео, Full HD видео со 60 слики во секунда и забавено HD видео со 60 слики во секунда, а има и солидна оптичка стабилизација, која помогнува да се стабилизира сликата кога се движите.

Тоа можете и да го забележите на самото видео, на кое за волја на вистината се симнував по скали, односно се возев во автомобил. При нормално одење, видеото ќе изгледа скоро целосно стабилизирано, а ако го држите само во рака, ќе изгледа како да е ставено на статив или надворешен стабилизатор. Единствено, звукот е малку послаб, но скоро и да нема смартфон кој може да сними добар звук во видео – за ова ќе ви треба добар надворешен микрофон.

Со ова видео го завршуваме серијалот за Galaxy S8+, но тоа не значи дека ќе престанеме да продуцираме вакви видеа. Ќе бидеме пресреќни доколку во коментарите подолу ги напишете вашите забелешки за видеата или некоја желба за идни видеа, нешто што би сакале да го погледнете или да го дознаете.

Претходна статијаГледајте ги мечките од Аљаска преку новата Google Earth Live функција
Следна статијаLG го покажа освежениот G6+ и во видео