Компанијата која е позната по своите луксузни телефони, кои се надевам дека никој од нашите читатели не би сакал да ги купи, бидејќи чинат премногу пари, најави дека планира лансирање на нови мобилни телефони (не смартфони), кои ќе имаат цена од 9.500 долари за почетниот модел.

Многу често и не вреди да се коментираат овие цени на телефоните на Vertu, но во 2017 година, мобилни телефони? Vertu веќе има смартфони во понудата и океј, тие може да поминат како парче технологија со исклучителна изработка и материјали, но кој би платил 9.500 долари за мобилен телефон? Жалното е што сигурно ќе има такви кои ќе платат – лансирањето на овие телефони нема да биде случајно.

Производите ќе бидат од серијата Constellation X и може да бидете сигурни дека некои од нив ќе имаат изработка од змиска кожа и детали од дијаманти или други скапоцени камења. Ова не само што ги прави скапи, туку им ја намалува и вредноста како телефон – да ги расклопите истите материјали, веројатно ќе може да ги продадете за скоро истите пари. Според тоа, но гледајте на овие уреди како телефони, туку како парче со кое корисникот може да покаже колку е богат. И колку нема вкус, секако, но тоа не е сега тема на муабет.

Constellation телефоните ќе бидат произведувани во соработка со TCL Communication, а се дел од обидите на новиот сопственик Хакан Узан (турски бизнисмен), кој има вложено 51 милиони долари во брендот.

Извор: Venture Beat, GSM Arena

Претходна статијаNetflix лансира нови интерактивни програми кои може да ги контролира корисникот
Следна статијаGoogle овозможува лесно пребарување на работни места директно од нивната страна