Screenshot_7

Многумина од нас сонуваат за паметен телефон кој ќе може секојдневно да го користиме за секаков вид на комуникација, но без да имаме страв дека ќе бидеме следени од некого, односно дека никој нема да навлезе во нашата приватност. UnaPhone Zenith е еден таков паметен телефон, но со една мала/голема маана – на него не може да се инсталираат апликации.

Una Inc. е компанија која го лансира телефонот преку Indiegogo кампања и е изработен од популарниот кинески производител Elephone, во соработка со Tutanota, експерти за безбеден, односно таканаречен енкриптиран email сервис. Идејата зад овој паметен телефон е да му понуди на корисникот исклучителна приватност при комуникациите преку email, SMS и телефонските повици.

Оние кои ќе сакаат највисоко ниво на заштита, сепак ќе мора да се откажат од Google Play Store – на овој смартфон нема да можете да инсталирате апликации. Што секако е и очекувано – Una Inc. тогаш не би имала контрола над нив и така корисникот би можел да биде мета на евентуално крадење на неговите информации. Поточно, во телефонот се наоѓаат само апликации дозволени од производителот, односно оние основните за телефонирање, праќање пораки и email.

Спецификациите на UnaPhone Zenith не се воопшто лоши (исти како на Elephone p9000) – има 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, процесор со осум јадра на 2.0 GHz, 4 GB рам меморија, 32 GB простор, задна камера со 13 мегапиксели, предна камера со 8 мегапиксели и батерија со капацитет од 3.000 mAh. Сепак, сето ова е се чини и не премногу важно, кога паметниот телефон е ограничен на користење на само неколку апликации.

За оние кои ќе можат да се откажат од користењето на паметниот телефон како што е наменет, цената на Zenith изнесува 429 долари, со попуст за оние кои ќе ја поддржат Indiegogo кампањата. Уредот треба да биде достапен на јавноста во септември.

Извор: The Verge, Android Headlines, Indiegogo

Претходна статијаХакери имале пристап до милиони Android корисници во последниве 5 години
Следна статијаSpaceX со второ успешно вертикално слетување на платформа во океан