sony-xperia-xa-ultra-news-970-80

Јапонскиот гигант дефинитивно знае да лансира паметни телефони кои не влегуваат во нормата – новиот Xperia XA Ultra има огромен 6 инчен дисплеј, задна камера со 21,5 и предна камера со 16 мегапиксели, како и луксузен дизајн со многу мала рамка околу дисплејот, што го прави многу помал отколку што налага неговиот дисплеј.

Од телефонот не очекувајте перформанси на ниво на телефоните од високите класи, но MediaTek Helio P10 чипот со осум јадра треба да е сосема доволен за повеќето корисници, особено што тука е помогнат од 3 GB рам меморија. Во телефонот е вграден и 16 GB простор за податоци, кој може да се прошири со micro SD картичка, но за жал без можност корисникот да инсталира апликации на неа, од непознати причини. Батеријата пак има капацитет од 2.700 mAh, што делува прилично малку за толкав телефон, но истата барем поддржува брзо полнење.

Screenshot_2

Главни адути на XA Ultra сепак не се внатрешните компоненти. Големиот 6 инчен дисплеј со Full HD резолуција со сигурност ќе ги задоволи апетитите на оние кои сакаат таблет – телефони, додека камерите се можеби подобро и од многу уреди од високите класи. Назад, камерата има Exmor RS сензор на Sony со 21,5 мегапиксели, кој е познат по високата острина и малку шум, помогнат од солидна бленда од f2.4 и супер брз хибриден автофокусен систем.

Предната камера пак е вистинска ѕверка – има сензор со резолуција од 16 мегапиксели и оптичка стабилизација, која може да помогне за поостри фотографии навечер, но и за стабилизирани селфи видеа. Секако, за финална оценка ќе треба да ги почекаме тестовите, но барем на хартија, ова звучи како една од најдобрите, ако не и најдобра селфи камера на пазарот.

Screenshot_4

Xperia XA Ultra ќе пристигне на пазарот во јули и ќе се нуди во црна, бела и зелено златна боја, а ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow.

Извор: TechRadar, GSMArena, Sony

Претходна статијаGalaxy X ќе биде телефонот на преклопување од Samsung – ќе биде претставен идната година?
Следна статијаAcer StarVR е нов уред за виртуелна реалност со најширок агол на гледање