Неколку производители на смартфони досега се обидоа да направат смартфон со многу мала рамка околу дисплејот, но никој не успеа да направи смартфон без воопшто рамка. Тоа најверојатно ќе му успее на Sony, кој иако не е особено успешен на смартфон сцената, отсекогаш имал напредна технологија во својот арсенал. Всушност, тие се дел од производителите на дисплеи и затоа можат порано да вградат вакви технологии во своите смартфони.

Поточно, тие се дел од Japan Display Inc. (JDI), компанија во која учествуваат и гигантите Hiatachi и Toshiba и кои заедно работат на нови технологии за дисплеи. Бидејќи JDI најави дека веќе има дисплеј со 18:9 сооднос на страните, без воопшто рамка околу дисплејот, на ниту една страна, логично е да се очекува дека Sony (единствен од тројката кој сѐ уште се натпреварува во смартфон секторот) ќе лансира смартфон со такви карактеристики.

Ова е и веќе најавено на кинескиот “Google”, Weibo, каде има информации дека Sony ваков смартфон ќе лансира на IFA во Берлин, саем за технологија кој годинава ќе се одржи од 1-6 Септември. Ова значи дека смартфонот на Sony би бил лансиран многу близу до Galaxy Note 8 и iPhone 8, уреди за кои исто така се очекува да имаат минимална рамка околу екраните.

Сето ова има и многу смисла – Sony веќе подолго време бележи слаби резултати со смартфон дивизијата и ваков револуционерен телефон секако дека ќе биде добредојден во линијата. Доколку тој навистина изгледа барем близу до концептот со 18:9 дисплеј од JDI на сликата со јагодите погоре, Sony би можел да биде вистински трн во окото на главните конкуренти од Samsung и Apple, кои најверојатно ќе имаат малку поголеми рамки. Како и да е, Август и Септември ќе бидат супер интересни месеци за нас.

Извор: Android Central, WCCFTech, Neowin

Претходна статијаAsus лансира специјални AMD и Nvidia графички за копање „Биткоин“
Следна статијаGalaxy Note 7 релансиран како Note Fan Edition доаѓа на 7 јули