Количината на рам меморијата во нашите паметни телефони драматично порасна последниве неколку години. Пред само две до три години најдобрите смартфони имаа 2 GB рам, а сега има модели со 6 и дури и 8 GB рам меморија (Asus ZenFone AR). Потребата од повеќе рам меморија е реална, а производот на SK Hynix има најгусто поставени чипови.

Густата поставеност на чиповите значи дека овој рам ќе биде 30% помал, но и ќе троши многу помалку енергија од конкурентните. Имено, нивниот LPDDR4 рам троши само 0,6 волти, за разлика од 1,1 волти на конкуренцијата.

Ова е особено важно за паметните телефони, но и за сите преносни уреди каде е важно долгото траење на батеријата, но и помалите димензии. LPDDR4 рам меморијата на SK Hynix е составена од “dual-channel” односно двоканални чипови со капацитет од 16 Gb (гигабити).

Компанијата, која е втор производител на чипови по Samsung во Јужна Кореја, планира технологијата која ја употребува во овие мобилни рам чипови да ја пренесе и во рам меморија наменета за лаптопите и дури и за автомобилите.

Се уште нема најава кога овие чипови би пристигнале во паметните телефони од високата класа, но очекувајте тоа да се случи оваа година во некој од Android смартфоните. Први модели кои би можеле да добијат ваков чип со 8 GB рам ќе бидат веројатно новите Galaxy S8 модели на Samsung.

Извор: Android Authority, Android Headlines, Know Your Mobile

Претходна статијаDell Canvas 27 е монитор за креаторите со “Surface Studio” можности
Следна статијаI.D.-Buzz новиот електричен минибус на Volkswagen