RePhone-4

Сите веројатно го памтиме Project Ara, проектот на Google за модуларен телефон кој крена релативно голема бука во јавноста. За жал Google неколку пати го одложи овој проект, а идејата која ја презентираа во јавноста остави простор и други да ја превземат.

Предходно пишувавме за Vsenn и за Fairphone (2), а денес ве известуваме за RePhone, најнов проект за модуларен телефон кој доаѓа од Кина. Се работи за Kickstarter проект на компанијата Seeed која има намера да создаде телефон кој практично целосно ќе биде во ваша контрола.

Градењето на телефонот единствено почнува од антенскиот модул за поврзување со мрежа, па на него можете да закачите од другите модули кои се достапни – GPS, екран, батерија, Bluetooth, NFC антена, аудио модул, други сензори и останати.

RePhone-8

Тоа што дополнително импресионира (но и ја отежнува работата при градењето на овој телефон) е што неговото куќиште „не постои“. Тоа значи дека можете да си нарачате куќиште направено од картон или дрво, па дури и да си 3Д-отпечатите куќиште од пластика како на стандарден телефон.

Проектот веќе ги собра потребните 50 илјади долари како средства, и ги надмина повеќекратно постигнувајќи дури 146 илјади долари на моментот додека ова се пишува.

Инаку, нема потреба да создавате баш телефон со модулите – можете да направите што сакате, на пример, оглавник за вашето куче, GPS уред за вашиот змеј или беспилотно летало и каква и да е друга намена што ви паднала на памет, а може да се оствари со комбинација на модулите (сегашни или идни).

Извор: Venture Beat, Makezine

Претходна статијаЗа прв пат демонстрирана трајна оптичка изменлива меморија
Следна статијаGoogle ги претстави двата нови Nexus телефони