Фото: Samsung

Нема ни 2 месеци откако најновите модел од Galaxy серијата на Samsung, S8 и S8+, беа претставени и станаа достапни во продажба, а веќе можеме да прочитаме информации за тоа дека од компанијата почнале со работа на наредната генерација.

Претпоставките сега за сега се дека моделите од наредната генерација од Galaxy серијата ќе се викаат S9 и S9+, па освен ако нешто не се смени во меѓувреме, не гледаме зошто од Samsung би го промениле овој начин на именување кој го користат од првиот модел.

За S9 моделите се разбира е рано да имаме повеќе информации. Тие сепак треба да бидат претставени дури идната година, па информациите сигурно нема да фалат, како и обично, до денот на претставување.

Она што сега е достапно како информација се кодните имиња кои наводно ги користат од Samsung за овие модели, со што и се потврдува дека тие веќе работат на нив.

Информацијата доаѓа од корејскиот The Bell, а според нив Galaxy S9 и S9+ моментално се водат под имињата Star и Star 2.

Иако Samsung има значење зад давањето на кодните имиња, сепак не би можеле сега да знаеме што овие имиња може да значат за можната конфигурација на уредите.

Според тоа што се очекува да биде претставено од Qualcomm, може да се претпостави дека Galaxy S9 моделите ќе дојдат со најновиот чип за идната година, а тоа треба да биде Snapdragon 845.

Се очекува да се задржи стилот на годинешните модели, без поголеми промени, сепак поголеми промени обично има на 2 години.

Извор: TechnoBuffalo, BGR, The Inquirer

Претходна статијаГраве осигурување одбележува 10 години на македонскиот пазар
Следна статијаChrome Home овозможува пристап до нов изглед на Chrome на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.