Корејскиот гигант веќе подолго време кокетира со свитливите дисплеи и веројатно ќе биде првиот производител со таков смартфон на пазарот. Сепак, во меѓувреме тие ќе работат на смартфон со два дисплеи, кои веројатно ќе бидат допрени еден до друг, што ќе овозможи преклопување на уредот.

Идејата зад овој уред е да може да се користи како стандарден смартфон кога е склопен, односно како мал таблет кога е отворен, слично на NEC Medias W N-05E (на фотографијата) и Kyocera Echo, но веројатно без простор меѓу екраните. Двата OLED екрани ќе имаат големина од 5 инчи, што значи дека со отворањето би се добил простор сличен на 7-8 инчен таблет, а зависно од соодносот на страните на двата дисплеи.

Според информациите кои ги имаме, Samsung веќе тестира вакви уреди, односно има изработено неколку прототипи. Наскоро, тие веројатно ќе имаат направено околу 3.000 прототипи, со цел подобро да го проучат овој концепт. Сепак, овие уреди нема да бидат достапни на пазарот за корисниците во почеток, односно се додека не биде официјално лансиран таков уред.

Дали ваков уред ќе пристигне на пазарот, не може со сигурност да се каже. Идејата зад прототипите е токму таа – да се испитаат добро пред да бидат лансирани и да се види нивната исплатливост. Во меѓувреме, очекувајте неколку различни концепти на саемите за технологија со сличен концепт, кои ќе треба да го опипаат пулсот на јавноста и доколку бидат успешни, дури тогаш Samsung ќе планира производство.

Извор: The Verge, Neowin, The Next Web

Фото: The Verge

Претходна статијаDropbox за Android ќе скенира и чува документи
Следна статијаGoogle Chrome за Android со решение за прескокнувањето на позицијата на страните