Galaxy S8 и неговиот поголем брат Galaxy S8+, ќе бидат највозбудливите смартфони претставени во првата половина на 2017 година. Сепак, во втората половина Samsung спрема нешто многу повозбудливо, покрај новиот Galaxy Note 8 – смартфон со дисплеј кој може да се свитка и преклопи.

Всушност, Samsung во третата четвртина на оваа година веројатно ќе претстави прототип од телефонот, но тој ќе биде спремен за продажба во 2018 година. Ова се чини како долго време за чекање, но тука сепак се работи за револуционерен уред, кој според се тоа што има да го понуди, може целосно да го смени дизајнот на паметните телефони.

Идејата зад овој телефон е инаку да може да биде користен како голем таблет со дисплеј од 7 инчи кога ќе биде отворен, односно како нормален смартфон со големина од околу 5 инчи кога ќе биде затворен. Дизајнот ќе биде сличен на Surface Book лаптоп/таблет моделот на Microsoft, а тоа особено важи за изведбата на делот каде ќе се витка дисплејот. За да може да се свитка дисплејот, Samsung ќе користи OLED технологија, како и кај скоро секој друг свој модел.

Покрај Samsung, на ваков смартфон веројатно работи и LG, кој би можел да го претстави својот модел набрзо потоа, веројатно некаде во 2018 година. Потоа, очекувајте многу други вакви уреди – има најави и за iPhone кој може да се свитка, како и тоа дека Surface Phone на Microsoft ќе ги има истите можности.

Извор: Huffington Post, Cult of Mac, Tom’s Guide

Претходна статијаЗошто декстоп компјутер е подобра опција од лаптоп?
Следна статијаНајдобри апликации за слабеење за iPhone