Ова не се случува премногу често – Samsung најверојатно објави фотографија од својот нов знаменосец Galaxy Note 8 на твитер. Да, сето ова може да се покаже дека не е вистинито и дека се работи само за некој дизајн на смартфон, но според мене не е случајно што тој се наоѓа до најновиот чип на производителот, Exynos 8895.

Всушност, твитот е токму од официјалниот твитер профил на Exynos, дивизијата на Samsung задолжена за производство и развој на мобилни чипови. Тоа што пак нивниот најмоќен чип досега се наоѓа до смартфон кој наликува на Galaxy S8 и S8+, но со уште помала рамка во горниот дел, најавува дека ова е Note 8 кој ќе го видиме за месец и пол отсега.

Но, она на кое јас би сакал да се задржам е што најавува оваа слика. Да, горниот дел над дисплејот ќе биде уште поминимален од оној на S8 и S8+, што е супер, но затоа аглите на дисплејот веќе нема да бидат кружни, туку ќе бидат веројатно остри.

Исто така, на фотографијата не може да се види долниот дел, кој би можел да донесе многу изненадувања, како на пример читач за отпечатоци на прстите вграден под дисплејот, нешто што не му успеа на ниту еден производител досега.

Она кое сигурно можеме да го очекуваме од оваа најава е дека во Note 8 ќе се вградува Exynos 8895 чипот, дури и ако ова не е фотографијата од финалната изведба на смартфонот.

Извор: Forbes, BGR, TechRadar

Претходна статијаНаучници телепортираа фотон во орбитата на земјата
Следна статијаЕлон Маск до американските гувернери: Вештачката интелигенција мора да се регулира пред да стане прекасно