note-4

Веќе е нормална работа да Samsung претстави појачена верзија од своите најдобри модели кои што им се достапни на корисниците. Истото го има направено повеќе пати до сега, па на ред дојде и можеби моментално нивниот најдобар телефон Galaxy Note 4.

Новата верзија од овој телефон ќе почне да се продава од идната година, меѓутоа се’ уште нема точни информации во кои земји. Карактеристиките на телефонот остануваат исти, а различен е само чипсетот кој што ја прави целата разлика.

Snapdragon 810 од Qualcomm е чипсетот кој што ќе го има оваа нова верзија од Note 4, а истиот доаѓа со 64-битни процесори, како и Adreno 430 графички процесор. Можеби и главната разлика на овој чипсет е неговата поддршка за LTE-A Cat 6 со што добива поддршка за брзини до 300 Mbps. Се разбира ретки се местата каде што оваа брзина корисникот ќе може реално да ја искористи.

Што се однесува до другите карактеристики, за потсетување, Note 4 доаѓа со 5,7 инчен QHD Super AMOLED екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и нивна густина од 515 ppi. Доаѓа со две камери, односно задна со 16 мегапиксели и оптичко стабилизирање на сликата и предна со 3,7 мегапиксели која што има широко аголен поглед за љубителите на selfie сликите. Батеријата е со капацитет од 3.220 mAh што според Samsung треба да издржи до 420 часа во мирување и 21 час во разговори.

Исто така, Note 4 е меѓу првите телефони од Samsung во кои што се почна со користење на метална рамка, нешто што е предизвикано од критиките за слабиот квалитет на модели од највисоката класа.

Извор: Cnet

Претходна статијаSamsung ќе претстави нови звучници на CES 2015
Следна статијаИзменет рапамицин има анти-старосно и про-имунитетно дејство кај постари лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.