samsung-hq

Веста која што можеби и беше очекувана за одредени луѓе, доаѓа од истражувањето на пазарот направено од страна на Strategy Analytics. Периодот на истражување е првата четвртина од оваа година, односно продажбите на компаниите во првите три месеци од 2015.

Податоците кои што се користат не доаѓаат директно од сите компании, па истражувањето сепак е темелено на извори и предвидувања на компанијата која што го има направено.

Според нивните податоци, Samsung повторно е на првото место по губење на истото од Apple минатата година, поточно во последната четвртина од 2014. Истражувањето се однесува на бројот на продадени уреди, односно пазарниот удел на производителите.

Во првата четвртина од оваа година, Samsung има продадено 83,2 милиони паметни телефони, за разлика од Apple кои што имаат продадено 61,2 милиони уреди. Соодветно пазарниот удел на двете компании е 24,1%, односно 17,7%.

За разлика од оваа четвртина, минатата година до последната четвртина Samsung беше во големо водство, по што се изедначи со Apple со продадени 74,5 милиони уреди за 19,6% пазарен удел.

Во овие бројки не се земени продажбите на новите S6 модели од Samsung, па задржување и осигурување на првото место може да се каже дека во втората четвртина барем нема да биде проблем за компанијата. Од таму веќе изјавуваат дека имаат огромни нарачки за нивните уреди кои што не биле очекувани.

Првата четвртина од оваа година исто така бележи пораст во вкупните продадени паметни телефони од 21% во однос на првата четвртина минатата година кога биле продадени 285 милиони уреди. Оваа година започнува со продажба на 345 милиони уреди со што се најавува успешна година за производителите.

Извор: Strategy Analytics, Cnet

Претходна статијаMicrosoft патентира технологија која го забележува расположението на луѓето
Следна статијаCyanogen го потврди крајот на соработката со OnePlus
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.