Ако не сте биле во пештера последниве неколку години, сигурно знаете дека најдобрите дисплеи од сите паметни телефони лежат на моделите на Samsung. Навистина – кој смартфон и да го ставите до Galaxy S8, S8+ или Note 8, разликата ќе биде многу лесно воочлива во корист на моделите на Samsung. Од другата страна, Pixel 2 XL, знаменосецот на Google лансиран неодамна е буквално нападнат од корисниците и од скоро секој медиум за слабиот квалитет на дисплејот, иако се работи за OLED панел.

Ова веројатно беше добра причина Samsung да лансира кампања во која нагласува дека сите познати луѓе во технологијата, а особено новинарите кои ги испитуваат уредите, кажуваат дека екраните на нивните уреди се убедливо најдобри. Секако, ова е многу важен дел во целото смартфон искуство и нормално е Samsung да сака да го искористи, но кампањата доаѓа во момент кога нивниот Android конкурент Google Pixel буквално мака мачи со лош публицитет.

На овој начин, Samsung скоро сигурно сака да покаже и дека сите OLED дисплеи не се еднакви. Додека нивните Super AMOLED екрани се најдобрите во бизнисот, OLED екраните кај Pixel 2 XL и оние во LG V30 (и двата произведени и развиени од LG), добиваат многу негативни коментари. Во превод, доколку сакате вистински добар OLED дисплеј, ќе треба дефинитивно да се одлучите за Samsung. Или пак за iPhone X, бидејќи Apple исто така вградува екрани на Samsung во својот нов знаменосец.

Јас тука би надополнил дека и покрај тоа што е ова кампања на Samsung, стои тоа дека ако сакате најдобар можен дисплеј, треба да одберете модел на Samsung. Едноставно, нема споредба.

Извор: TechnoBuffalo, The Next Web, 9 to 5 Mac

Претходна статијаЕлон Маск објави фотографии од супер брзите тунели на The Boring Company
Следна статијаApple го отпушти инженерот чија ќерка покажа видео од iPhone X